Македонија предизвика огромен интерес на Саемот за туризам во Берлин

Делегација на Агенција за поддршка и промоција на туризам привлече бројни посетители на штандот на Република Македонија, претставувајќи ја културата, историја и традицијата на нашата земја на ITB Германија, еден од најголемите саеми за туризам во светот.

На средбите остварени со SKAL (Professional organization of tourism leaders around the world), ANTOR (Association of National Tourist Offices and Representatives), PATA (Pacific Asia Travel Association), ATTA ( Adventure Travel Trade Organization), ECTAA (The European Travel Agents’ and Tour Operators’ Accociation), ETC (European Travel Commission) и ETOA (European Travel Association), Македонија доби покана за членство, вмрежување во клубот на големите туристички одлучувачи на глобалната туристичка сцена.

Македонија станува впечатлива не само во очите на туристите, туку и на агендите на креаторите на туристички политики. Покрај добро етаблирани германски медиуми, иницијатива за соработка стигнаа и од Trip Advisor и Booking.

Директорката на Агенција за поддршка и промоција на туризам, Лела Крстевска, на ексклузивна покана на PATA (Pacific Asia Travel Association) учествуваше на ручек каде што Македонија беше три пати спомната како пример за земја која прави џиновски чекори за развој на туризмот од страна на Генералниот секретар на UNWTO ( World Tourism Organization), Талеб Рифаи.

Саемот за туризам во Берлин (9-13.03.2016) е искористен и за промоција на првата регионална конференција за активен туризам Adventure Next Balkans 2016, која ќе се оддржи во Македонија од 10-12 мај и на која ќе учествуваат повеќе од 300 тур оператори и повеќе од 45 медиуми. На ITB Berlin својата понуда ја претставија и тур операторите Визит македонија, Вардар експресс, Гобалканс, Ториа и Фибула. /крај/со/ст

Copyright 2016 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс. Во спротивно Макфакс го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.

Објавено : петок, 11 март 2016 18:27:50

Leave a Reply